More Info at www.abv.mk

ТЕХНОСКОП АЛАТИ е компанија која се занимава со продажба на резен, стезен, мерен алат, алати за сечење, брусен алат, рачен алат и помошни машини. На пазарот сме присутни од 1995 година. Нашето долгогодишно искуство, како и партнерството со реномирани светски производители на алат - Прочитај повеќе...

SANDVIK COROMANT е водечки светски производител на алати за металопреработувачката индустрија. Со големите вложувања во истражување и развој создава единствени иновации и поставува нови стандарди заедно со своите корисници. Застапен е во 130 земји и вработува 8000 лица. Основан е 1862 година.

WIKUS - НАЈДОБАР КВАЛИТЕТ НАПРАВЕН ВО СПАНГЕНБЕРГ
Ова е најдобар начин за да се опише историјата на фамилијарниот бизнис (компанија) WIKUS – фабриката од Спангенберг. Основана во 1958 од страна на Вилхелм Х. Кулман и денеска е под водство на неговиот син Др. Инг. Техн. Јорг Х. Кулман. Името WIKUS се стабилизира на светскиот пазар со вредности на максимална прецизност, квалитет и перформанси. Одличен квалитет и одлични вработени кои знаат како да го направат WIKUS еден од најголемите производители на пили во Европа. Со светска репрезентативност како добра продавачка и сервисна компанија во Европа и во светот. Ние на нашите муштерии им нудиме компетентна и лична подршка. Како семеен бизнис е средно голема компанија која има интернационално присуство.
WIKUS се чуствува одговорен за градот и регионот. Поради тоа, заедно со вработените ги подржуваме локалните проекти и иницијативи во социјални, културни и еколошки полиња.Денеска, WIKUS е светски лидер на пазарот на пили и најголем европски производител

DORMER е еден од водечките производители на резни алати од тврд метал и брзорезен челик во светот, со репутација за квалитет и иновативност. Опширната програма која константно еволуира покрива голем дел апликации во областа на дупчењето, развртувањето, глодањето и изработката на навои. Претставува важен дел на SANDVIK групацијата и е застапен во повеќе од 100 земји низ светот.

MITUTOYO е интернационален лидер во својата област со повеќе од 5000 високо технолошки инструменти и машини за мерење. Основан е 1934 година. Се одликува со најголема понуда на инструменти за мерење должински мерки.

SGS TOOLS е производител на ротирачки алати од тврд метал посветен да обезбеди врвни перформанси на своите производи и техничка подршка на своите купувачи.

SARTORIUS Werkzeuge е трговска фирма основана 1879 година. Квалитетот, постојаноста, врвната подршка заедно со сигурноста на потрошувачите во нивните производи и услуги ги прави еден од водечките доставувачи на алати во металопреработувачката индустрија.

ИНТЕЛЕГЕНТНИ ЖИЦИ – ПРОИЗВЕДЕНИ ОД БЕДРА
Високиот квалитет ,софистицираните услуги и сервис го направија брендот БЕДРА синоним за иновативни ,високо технолошки ,прецизни жици за ерозија ,заварување и лемење,за вградување во електронски компоненти и други апликации.”Произведено од Бедра “ е нивната посветеност и мотивација.Иако имаат дистрибуција и нудат подршка низ цел свет ,производството е во Германија.На нивните 2 локации ,го покриваат целосно процесот на изработка – од лиење,валање и влечење,отпуштање и превлекување,па се до завршно пакување.
Нивното годишно производство е 30 милиони километри прецизна жица.Купувачите со цел да ги задоволат своите барања, може да бираат од нивната лепеза која се состои од повеќе од 100 вида легури .

VERTEX Machinery е компанија специјализирана за производство на високо прецизна помошна опрема за стругање, глодање и брусење.

WINGS брендот како дел од Karbosan почнува да се произведува од 1967 година во Истанбул Турција како пионер на индустријата за абразивни материјали во Турција.
Производите на WINGS се изработуваат во две фабрики na Karbosan:
- Sefakoy Plant – Istanbul – Производни врзувачки материјали, дискови за сечење и брусење во фабрика од 41000 м2 и со над 400 вработени.
- Velikoy Plant – Tekirdag – Производство на фибер дискови, водоотпорни брусни траки, брусни ролни, бесконечни брусни траки и флап дискови во фабрика од над 100 000 м2 со над 120 вработени.
Производителот Karbosan е активен член на FEPA ( Federation of European Producers of Abrasives ) и член на O.S.A ( Organisation for Safety of Abrasives ) и за своите производи ди исполнува европските норми EN12413 и EN13742

Фирмата ESA Eppinger GmbH e основана во 1925 год. Во Денкендорф, Германија, Баден Виртемберг. Фирмата е управувана од веќе четвртата генерација од фамилијата Епингер. Фирмата ESA Eppinger e водечки европски и светски производител на опрема за стругови и обработувачки центри ЦПУ. Нејзиното основно производство вклучува: - Фиксни држачи тип VDI / BMT - Држачи со сопствен погон (live tools) - Систем PreciFlex - Систем DecoFlex - Прибор и додатоци

BEKAMAK Основана како семејна компанија во 1984 година, БЕКА-МАК е пионерска компанија, отворајќи го секторот за производство на машини за сечење на метал во Турција на глобалниот пазар. Започнувајќи со својот прв извоз во Германија во 1991 година, БЕКА-МАК сега е претставена во скоро 80 земји од страна на 60 дистрибутери низ целиот свет, главно во Европа, Русија и САД. БЕКА-МАК произведува машини за сечење на метал со бесконечна лента со широк спектар на димензии и типови

AR FILTRAZIONI АR FILTRAZIONI е компанија основана 1995 год. со седиште во Бергамо,Италија,специјализирана за производство на индустриски филтри-колектори за масла, магла(чад) и прашина за повторна кондензација и филтрирање на сите видови на загадувачи на воздухот генерирани за време на процесот на работа на алатни машини. Тие се користат главно во машинската индустрија.

Во нивното постоење од 25 години АR FILTRAZIONI има соработувано со водечки брендови како: DMG MORI, BREMBO, BOSCH, FERRARI AUTO, GILDEMEISTER ITALIANA, IMT INTERMATO, MCM SPA…

АR FILTRAZIONI вклучува палета од 11 СТАНДАРДНИ СЕРИИ НА ПРОИЗВОДИ како би се задоволиле различните потреби на металната индустрија . Сите тие се наменети соодветно за центри за обработка, стругови, машини за мелење, машини за сечење, машини за ерозија, машини за дупчење, глодалка, индустриски машини за перење, машини за брусење, ласерски машини, машини за прицврстување, машини за печење и машини за пренос.

Carl Bechem GmbH – Германија
o Најстар германски производител на мазива
o 3 производствени единици во Германија +3 на останатите контитенти
o Специјални мазива за обработка на металите: емулзија, масло за деформација, ковање, индустриско перење, корозиска заштита, влечење жици –обоени метали ...
o Мазива за тешка, автомобилска, прехрамбена индустрија ...
o Најголем производител на специјални масти.
o Специјални масла за инд. Преносници и носечки лежишта, ланци, масти за тешки услови на работа и отворени запчаници.

Brugarolas - Шпанија
o Производство во Шпанија
o Најголем шпански произведувач на индустриски мазива
o Масти за тешка индустрија, прехрамбена, текстилна,палети
o Специјални производи – пасти, спрејови, масла имасти...

Zet-Chemie - Германија
o Производство во Германија
o Специјални мазива за обработка на металите: емузија, масло за деформација, ковање, индустриско перење, корозиска заштита ...
o ПОСЕБНО: резни масла и масла за брусење, масла за деформација, специјални емулзија без бор и формалдехид, индустриско перење, корозиска заштита ...
o Хидраулични масла, масла за клизни стази, циркулациски масла за вретена

IKV Lubricants - Франција
o Специјалени наменски масти и масла
o ПОСЕБНО: тефлонски масти и масла
o За различни гранки во индустријата како гума,текстил прехрамбена, железница, припремна амбалажа за храна,фармација,хемиска индустрија ....