Режење навој со глодање

CoroMill Plura глодала од тврд метал се изработуваат во разни облици и пречници со што се погодни за сите видови завршни обработки. Освен квалитетот на материјалот на глодалата и нивната геометрија е конструирана така да се постигнуваат високи карактеристики при обработка на сите видови материјали, високи резни режими, голема трајност на резниот раб, ниски вибрации и мали отпори при режење.

Карактеристики:

  • Глодање на вертикални површини и жлебови
  • Профилно глодање
  • Оборување рабови и други видови порабувања
  • Челно глодање
  • Глодање на жлебови и канали
  • Вертикално “Плунге” глодање
  • Челно глодање
  • Длабоко странично глодање
  • Глодање контури
  • Дупчење со кружна интерполацијас

Дали имате потреба од дополнителни информации за нашите производи?