Стругање на тврди материјали

Стругање на тврди материјали е нов начин на полирање

Со големо намалување на производната цена и зголемување на продуктивноста со стругањето на тврдите површини, брусењето не е повеќе широко прифатлива постапка за добивање фини и полирани површини.

Препознавајќи го наведениот тренд развивме голем број на резни плочки за обработка на тврди материјали и добивање полирани површини.

 

 

 

Нестабилни услови и испрекинат рез не е веќе проблем за CB7025

CB7025 е одлично решени за захтевни режења во тврдите материјали. Недостижен избор при испрекинати резови при што дава обработки со врвен кавлитет кај калени челици.

CB7025 нуди неспоредливи перформанси кај нестабилни состојби на режење и со зголемена стабилност и надежност на процесот, а благодарение на намената на плочката и сигурната Safe-Lok конструкција

Скрати го времето за обработка на тврдите материјали со Кубични Бор Нитридни плочки CB7015

Се прави голема заштеда кога брусењето ќе се замени со стругање на тврди материјали.

CB7015 покажува одлична способност на симнување на струшка при големи резни далбини. Единствената Safe-Lok изведба гарантира висока надежност на операцијата.

Како да се успее во обработката на тврдите материјали

Стругање наспроти брусење

Стругање наместо брусење на тврди материјали дава повеќе предности.

Допир во точка со методот на стругање овозможува прецизно и полесно следење на контурата со што се избегнува примена на сложени специјални брусни камења. Едноставно кажано, со стругањето се изведуваат голем број операции со различни форми, со само еден алат.

Одличниот резултат на обработката како и избегнување на опасноста од оштетување на материјалот е уште една предност на стругањето.

Со стругањето на тврдите материјали намалена е цената на алатот, се зголемува контролата на квалитетот на обработката и се зголемува проудктивноста.

Дали имате потреба од дополнителни информации за нашите производи?