Тешки стругарски работи

Тешките стругарски работи се категоризирани во три области:

– грубо стругање
– обработка на тркала во железница
– и тешка обработка

Трите области имаат екстремно високи потреби за оптимизација на геометријата и степенот на режењето, како и за системот на стегање на резните елементи. Многу често се укажува потреба од длабоки резни зафати и високи резни брзини, кои треба да се применат во различни и неочекувани материјали. За вакви потреби е развиена оваа програма на резен алат.

Применете го напредокот и зголемете ја продуктивноста со примена на овие алати и со користење на нашето знаење и искуство – know – how. Ние ќе бидеме вашиот партнер при користење на овој алат.

Грубо лупење (Bar peeling)

Грубото лупење е метод под кој се подразбира стругање на кородирани површини, површински лункери и неправилности и слично. Големината на ваквите површини може да биде од 4 до 400 mm во пречник. Bar peeling се користи и кај валани профили.

Најчести материјали кај кои се применува овој вид тешка обработка се јагленородни челици, челици за пружини и аустенитни и нерѓосувачки челици. Овој метод може да се користи и кај челици отпорни на температури, титаниум, алуминиум и ураниум.

Во споредба со конвенционалното стругање, грубото лупење се одликува со висока продуктивност и ниска производна цена, како резултат на краткото време за изработка и трајност на резните рабови. Квалитетот на обработената површина и толеранциите на мерите се во ранг на високите барања.

Новиот GC4225
Овој вид на плочка е најновата генерација на плочки наменета за грубо и фино стругање како и за обработка на мали делови.

GC4205 – надежен избор за стругање со голема струшка.

Најнова плочка за стругање

  • Прв избор за стругање со голема струшка во стабилна состојба
  • Избор за средни и груби обработки
  • Избор за стругања каде се појавуваат високи температури
  • Сигурен избор каде се бара долго времено стругање со потреба од постојаност на пластична деформација на обработеното парче

GC4215 – зголемена продуктивнсот со сигурни перформанси

Геометрија и квалитет на плочка кој нема да откаже

  • Висок степен на искористеност при грубо и фино стругање – надежна работа во областите P10 до P20.
  • Оптимална плочка за континуирано и делумно испрекинато стругање
  • Одличен избор за високо продуктивно стругање во серии
  • Погоден е за стругање на тврдо леано челезо

GC4225 – прв избор за општо стругање на челик

Повеќенаменската и оптимизирана плочка

  • Прв избор за стругање ниско јагленородни до високо легирани челици
  • Брза и долга обработка со зголемена стабилност во областа P25
  • Стругање со и без ладење
  • Погоден избор за производство без луѓе
  • Овој квалитет освен за општото стругање се користи и при бар пеелинг груби стругања, стругања на мали делови, отсекување и нажлебување.

GC4235 – најиздржлив во фамилијата

Проблематични стругања во најголем број случаи

  • Идеален избор за нестабилни и захтевни услови на стругање во P30 – P45 области.
  • Стабилност и надежност на резниот раб при стругање на жилави и отпорни материјали како што се одливките и отковките
  • Добар избор каде има појава од вибрации
  • Добар избор за автоматско производство односно таму каде нема присуство на луѓе
  • Одлични перформанси кај нерѓосувачки челици

СТРУГАЊЕ НА ТРКАЛА ЗА ВОЗОВИ

Сисетмот на алати за стругање на тркала за возови опфаќа држачи и изменливи тангенцијални плочки. Овие плочки се отпорни на абење и напрегања при долги стругања каде се јавува висока температура.

Во зависност од барањата и конфигурацијата на различните тркала се појавува потреба од стругање како во еден премин така и во повеќе премини. Во зависност од изборот на методот развиена е програма од повеќе вида резни плочки.

Нова плочка GC4225

Оваа плочка е прв избор за грубо и фино стругање, отсекување и нажлебување.

 

ТЕШКА МАШИНСКА ОБРАБОТКА

Сандвик Coromant’s T-Max P систем се користи за надворешна обработка со стругање и тоа за фина и груба обработка. Производната програма опфаќа резни плочки за сите видови обработки во сите видови материјали.

T-Max P плочки одговараат на ISO стандардите и имаат негативна резна геометрија, што се одликува со стабилни и силни резни рабови. Нудиме и позитивна кружна геометрија RCMT која се користи кај T-Max P држачи.

Дали имате потреба од дополнителни информации за нашите производи?